• Почетна
  • Продукција
  • Настани
  • Работилници
  • Соработка
  • Вести на англиски

ЗА НАС

Промовенс е основан како видео продукција во јуни 2005-тата година. Започна скромно - со една Betacam Sony, еден Vinten статив, два рефлектори, и Sony монтажна единица. И тогаш, и денеска – главна вредност на Промовенс беа, и се луѓето – професионалци, мајстори на својот занает, кои и со релативно малку техника знаат многу да направат.


Техниките се менуваа, Промовенс ги следеше, за денес да има на располагање најмодерни камери, осветлување, тонска опрема, софтвер за монтажа, практично – се што е потребно за снимање и во студиски услови, и на терен, како и за пост продукција. Во најновата понуда ни е и пренос во живо на вашите настани (live streaming).

Од 2007 Промовенс воведе и нова компонента во работењето – изготвување на вести од Македонија на англиски јазик, на дневна основа. Во моментов во тој сектор од работата е ангажиран најголемиот дел од Промовенс тимот – вкупно седум преведувачи и новинари (од албански и македонски – на англиски), кои ги задоволуваат потребите за вести на најголемиот број на амбасади, меѓународни организации и компании кои работат во, или со Македонија.

Логично беше и поврзувањето на видео одделот со одделот за вести, па нашите професионалци сега снимаат и подготвуваат и видеа за корисниците на нашите вести.

Со текот на работењето, од 2012-та година, Промовенс го отвори и полето на организирање настани, конференции, семинари, работилници, и слично, и за вообичаените корисници на услугите, и за други заинтересирани. Во моментов фирмата располага и со повеќе видови опрема потребна за организација на настани.

 


КОНТАКТ

  • Методија Шаторов Шарло 30/2-51 ,
  • dawndiem@gmail.com
  • +389 (0)2 2430 434
  • +389 (0)70 244 919

© 2018 PROMOVENS. All Rights Reserved